| четврток, 6 декември 2018 |

Турција го игнорира исламскиот калифат од ИДИЛ

kalifatАнкара го игнорира објавувањето на исламски калифат од групата Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ), соопшти турското МНР.

– ИДИЛ е терористичка организација и Анкара не придава значење на тоа на каков начин се карактеризира „една терористичка организација“ – наведува претставник на Министерството.

Муџахедините од ИДИЛ, кои учествуваат во борби во Сирија и во Ирак, објавија воспоставување исламски калифат и истакнаа дека групата веќе се нарекува „исламска држава“.

Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, вчера телефонски разговараше на таа тема со претседателот на Парламентот, Усама Абдел Азис ал Наџафи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top