Популарниот пејач Елтон Џон, кој наредната година треба да стапи во брак со својот долгогодишен партнер Дејвид Фурниш, во интервју за „Скај њуз“ нагласи дека Исус, веројатно, би им дал поддршка на хомосексуалните бракови.
– Да е жив Исус, можам да замислам дека тој, како вистински христијанин и голем човек, ќе кажеше дека ова не смее да се случува. На него најважни работи му беа љубовта, сочувството, простувањето – изјави Елтон Џон.
Елтон нагласи дека црквата се движи кон подобро и наведе дека актуелниот папа е прекрасен човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.