| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас: Грција ги демантира сите

Antonis SamarasГрција и Европа ги демантираа тие што се обложуваа на неуспех и распад на Унијата, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас на церемонија по повод завршувањето на грчкото претседателство со ЕУ.

Самарас рече дека Грција ги демантирала сите и оти успеала да се спаси финансиски, да ја стабилизира позицијата на земјата, да ги спроведе реформите, да излезе на меѓународните пазари и оти сега излегува од долготрајната рецесија.

– Некои се обложуваа и на присилно излегување на Грција од еврозоната. Многумина мислеа дека Европската монетарна унија нема да може да се справи и го чекаа нејзиното распаѓање. Тие беа демантирани – додаде грчкиот премиер.

Самарас подвлече дека за време на шесте месеци Грција искористила само 40 проценти од буџетот за претседателството на ЕУ.

И грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, вчера информира дека Грција потроши околу 19 милиони од предвидените 50 милиони евра за време на шестмесечното претседателствување со Европската унија.

Тој истакна дека буџетот за претседателствувањето уште на почетокот бил мал во споредба со буџетитте на другите земји, кои потрошиле преку 50 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top