Луѓето што добро ги познаваме и сакаме во исто време се и лицата кон кои најчесто упатуваме груби зборови или се однесуваме лошо, тврди професорката по психологија на Универзитето „Џорџија регентс“, Дебора Ричардсон.
Таа таквото однесување го нарекува „секојдневна агресија“, додавајќи оти кон најдрагите се однесуваме грубо поради тоа што тие не се странци од кои се плашиме.
Д-р Ричардсон таквиот вид агресија ја проучува од 1974 година наведувајќи оти тоа не е лесна работа со оглед дека луѓето не сакаат да си признаат себе си дека се груби кон тие што најмногу ги сакаат.
Таа истакнува дека луѓето се груби кон најдрагите бидејќи многу време минуваат со нив и оти знаат дека тие нема да им забележат.
Основниот вид „секојдневна агресија“ подразбира викање, удирање, конфронтација, вербало навредување. Мажите се посклони кон таквото однесување од жените.
Другиот тип е „индиректната агресија“ која подразбира недостиг од конфронтација. Примери за тоа се ширење гласини, озборување, игнорирање на телефонските повици. „Индиректната агресија“ е подеднакво застапена и кај мажите и кај жените.
Истражувањеата покажале дека луѓето се почесто директно агресивни кон браќата и сестрите, а индиректно кон пријателите и подалечните роднини. Д-р Ричардсон посочува дека агресивните луѓе често вистински се збунети од своето однесување и не се свесни што направиле или кажале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.