| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид се одржува меѓународна летна школа за архитектура

Од денеска па сѐ до 6 јули, Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје по втор пат ја организира Меѓународната летна школа за архитектура во Охрид. Целта на оваа школа е афирмација и промоција на архитектурата и можноста за креативно изразување на идните архитекти. Истовремено, оваа школа им овозможува на студентите да ги унапредат професионалните знаења и способности за полесно да ги совладаат предизвиците од културната
експанзија.

Минатата година, на првата летна школа во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при „Американ колеџ“ – Скопје учествуваа околу 30 студенти кои дадоа свое видување за изгледот на просторот околу Чинарот, локацијата Долни Сарај и просторот кај поранешното основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Оваа година бројот на студенти и заинтерсирани за учество на летна школа е зголемен и има преку 50 пријавени студенти од неколку држави, меѓу кои: Италија, Иран, Романија, Молдавија, Албанија, Русија, Украина, Хрватска, Србија, Словенија и Полска. Тие ќе имаат за цел да предложат архитектонски и дизајнерски интервенции за неколку локации во град Охрид, кои во текот на работата ќе можат сами да ги изберат.
Студентите ќе бидат подели во неколку групи и заедно со своите професори и ментори ќе создаваат можни сценарија за ново видување на архитектурата и јавниот градски простор.

Во рамки на летната школа, оваа година сите учесници ќе можат да присуствуваат на предавања од врвни и еминентни емиња од светот на архитектурата, меѓу кои Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима (www.bow-
wow.jp) од Јапонија и Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина (www.penezic-rogina.com) од Хрватска.

Целиот проект е поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија, Општина Охрид, Манифестацијата Охридско Лето и Заводот за заштита на спомениците од Охрид.

На крајот на летната школа, ќе биде организирана изложба и јавна презентација на трудовите, а на сите учесниците ќе им бидат поделени дипломи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top