| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб го напушта Фенербахче, оди во НБА?

Плејмејкерот на Фенербахче, Бо Мекејлеб одлучи да ги напушти тимот и Европа и да се обиде во најсилната кошаркарска лига НБА.

Американецот со македонски пасош во Европа играше за Мерсин, Партизан, Монтепаски и за Фенербахче, а сега како слободен играч ќе се обиде да најде место во некој од тимовите во НБА-лигата.

Мекејлеб во Европа освои голем број трофеи, двапати играше на фајнлфор од Евролигата, а беше шампион на Јадранот, Србија, Италија и на Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top