| четврток, 6 декември 2018 |

Русија: Киев користи хемиско оружје!

ukraina hemisko oruzje

Откако проруските сепаратистки ја обвинија украинската војска дека користи хемиско оружје се огласи и Русија, која побара истрага за случајот. Сепаратистите тврдат дека украинските специјални единици во нападите на градот Славјанск користеле хлор затоа што локалното население покажало знаци на труење од такво средство.

Поради обвинувањата што доаѓаат само неколку недели по тие за користење фосфорни бомби за време на нападите на села во југоисточниот дел на земјата, руската дипломатија се крена на нозе барајќи итна истрага.

– Ова е страшно. Овој случај мора да се истражи, рече рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин. Поддрша добил од амбасадорот на Русија во Холандија Роман Колодкин, кој рекол дека приговорот може да се поднесе до Организацијата за забрана на користење на хемиско оружје со оглед на тврдењата дека Киев користи хемикалии.

Еден од лидерите на сепаратистичките сили во Донецк, Игор Стрелков тврди дека имало неколку случаи на користење на бојни отрови.

– Во моментот собираме примероци, кои подоцна ќе ги претставиме како докази – рекол тој.

Обвинувањата за користење хемиско оружје доаѓаат во време кога Путин и Порошенко се договорија дека ќе работат на зацврстување на примирјето што беше договорено неодамна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top