| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Грците најмногу користат годишен одмор

deca na odmor

Грците се една од трите нации во Европската унија чии летувања во просек траат подолго од една седмица, односно 7,5 ноќевања. Зад нив се Кипраните со 7,2 и Белгијците со 7,1 ноќевање по одмор. Просекот во ЕУ е 5,2 ноќевања.

Сепак, статистиката покажува дека просекот на Грците е намален во однос на другите години.

Според листата на нации кои најдолго летуваат, по Белгија следат Луксембург – 6,7, Италија 6,1, Холандија 6…

Со оглед на тоа дека се туристичка земја и дека голем број од нив летуваат дома, Грците се релативно ниско на листата на „трошаџии“. Просечно, нив одморот ги чини 206 евра по човек, а европскиот просек е 335 евра, потоа Луксембург 748 евра, Малта 667, Белгија 566, Австрија 564, Ирска 506 итн.

Најмалку дома остануваат жителите на Луксембург, само три отсто, а најмногу Романците, дури 95 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top