| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува Интернационален фолклорен фестивал „Велес“

фолклорПод покровителство на Општина Велес и Министерството за култура од утре до 5 јули во Велес ќе се одржи 11. традиционален Интернационален фолклорен фестивал „Велес“.

Како што информира на денешната прес- конференција Томе Јаневски, претседател на Организацискиот одбор, утревечер фестивалот стартува со свечено дефиле низ велешките улици. Годинава ќе има богата програма со 18 фолклорни ансамбли од кои десет се од странство, а осум од Македонија.

На фестивалот кој се одржува во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес годинава ќе учестуваат фолклорни ансамбли од Италија, Израел, Русија, Турција, Романија, Полска, Бугарија, Србија и од Словенија.

Јаневски потенцира дека годинава имаат поголем буџет од минатата и тој бил пресуден да донесат толку голем број квалитетни фолкорни ансамбли од различни земји.

– Во името на општина Велес и Организацискиот одбор на фестивалот ги поканувам сите граѓани на Велес во овие летни ноќи да уживаат во раскошот на носиите и музиката, а што може да ги понуди само богатата фолклорна ризница на народите – повика Јаневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top