| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната на среќниот брак – спијте голи!

Се прашувате која е тајната на среќниот брак? Спијте потполно голи! Имено, новата студија покажа дека оние луѓе кои спијат без никакво крпче на себе, се најсреќни во љубовните врски.

Најдобриот начин својот брак долгорочно да го одржите среќен е да спиете потполно голи! Тоа го сугерира најновата студија, чии резултати покажуваат дека двојките што го прават тоа се посреќни во својата врска, во споредба со оние кои спијат облечени. Во студијата учествуваа 1004 Британци, од кои 57% спијат голи, изјавија дека се задоволни од своите врски; во споредба со 48% на другите кои спијат во пижами; 43% кои спијат во спавача и 38% во долна облека.

Научниците од организацијата „Котон УСА“, која го спроведе истражувањето, исто така, открија дека четири од десет Британци спијат без никаква облека на себе, дури 45% од оние кои спијат голи се повозрасни од 55 години.

Но, еден од факторите, кој многу често се игнорира е уредувањето на спалната соба. Освен тоа, голата кожа на меката постелина, лесно ја поттикнува желбата за интимност, а тоа е директно врзано со задоволството од врската.

– Истражувањето, исто така, покажа дека однесувањето и навиките на партнерот во спалната соба многу силно делуваат на задоволството во врската.

Па така, половината од испитаниците смета дека е непожелно партнерот да јаде во креветот, 59% од нив не може да поднесе кога партнерот ја фрла валканата облека на подот покрај креветот, а 23% од нив мрази кога партнерот спие со чорапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top