Владината делегација предводена од претседателот на Владата, Никола Груевски, во Токио оствари средба со делегација на Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА) предводена од нејзиниот потпретседател Хидеаки Домичи, агенција која е најголем донатор на проекти во Република Македонија.
На средбата, како што јавуваат од Владата, позитивно и успешно билеоценети досегашните проекти кои се спроведуваат во соработка на двете страни, помеѓу кои позначајни се проектот за изградба на хидросистемот „Злетовица“ со кој се обезбедува вода за пиење за повеќе од 100 000 граѓани, и проектите преку кои се модернизира македонското јавно здравство со обезбедување на медицинска опрема за дел од клиниките.
Премиерот Груевски истакнал дека Република Македонија високо ја цени улогата на Јапонија како најголем странски донатор во нашата земја, што во изминатиов период имаше голем придонес во развојот на нашата земја.
-Двете страни разговараа за повеќе теми од заеднички интерес, во насока на продолжување на соработката на други проекти во иднина. Стана збор за можностите за соработка во поглед на финансирање на проекти за заштита на животната средина, развој на инфраструктурата, системи за рано предупредување од природни непогоди, едукација на лица за реализација на проекти и научно-техничка специјализација на експерти од нашата земја во Јапонија. Посебен акцент беше ставен на реализација на проектот за довршувањето на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за што од двете страни беше изразена подготвеност за партиципација и продолжување со оперативните работи и процедури. Стана збор и за процедурите за склучување на акти и документи за соработка со кои би се олеснила, интензивирала и зајакнала соработката помеѓу двете земји во рамки на билатерална соработка. Беше истакната потребата од фокусирање на развојот на односите на економската соработка, јакнење на трговската размена и иницирање и зголемување на јапонските инвестиции во Република Македонија – стои во владиното соопштение.
–Разговаравме за соработка во областа на животната средина и производи и услуги од повисоката технологија, размена на искуства и тренинг на македонски менаџери. Добиваме уверение дека ќе не поддржат во еден од најзначајните проекти за довршување на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Обезбедивме поддршка во делот на финансирање на физибилити студија по која ќе следи и главен проект и градба, така што значајно за нас е што ЈИЦА останува значаен партнер на Република Македонија, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески по средбата.
Охридското Езеро е област во која престојуваат многу туристи, а колекторскиот систем е проект на кој му е потребно внимание и ние сакаме да соработуваме. Тоа е една област која ја разговаравме со Премиерот како тема за идна соработка, како и темата стипендии и развивање на дипломатската соработка. Веруваме дека ЈИЦА е предводник во заштитата на животната средина и во соработката помеѓу двете нации, истакна потпретседателот на ЈИЦА Хидеаки Домичи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски