Многу жени не сакаат да им се гледаат ситните дамки на лицето, па често ги покриваат со шминка. Исто така кога се во прашање познатите личности, многу од нив инсистираат фотографите да не им ги отстрануваат со Фотошоп. Ги сакаат и ги истакнуваат, а со тоа ја покажуваат и нивната разлика од другите на многу симпатичен начин.Погледнете кои се најубавите пегави дами во шоу бизнисот:
1. Џулиен Мур
Актерката Џулиен Мур пегите ги има уште како дете и на рацете, нозете и лицето. Дури и пријателите ја нарекувале „пегава јагода“. Оваа природна црвенокоса од својот прекар направила серијал книги. Често магазините ѝ ги отстрануваат пегите, но таа нема ништо против ниту да ѝ ги остават.
2. Луси Лу
Не мора само црвенокосите и девојките со светол тен да имаат пеги. Азиската глумица Луси Лу е уште една дама која ги обожава своите пеги и не сака да ги прекрива со шминка. Таа вели дека пегите ѝ овозможуваат да има свој идентитет, а да не мора ништо да каже. Луѓето автоматски мислат дека сте забавна и отворена личност. Тоа е одлична порака за себе.
Нејзината мајка е Кинескиња, а нејзиниот татко е белец, пегите се дел од неа и секогаш ги покажува. Ги прифаќа како дел од нејзината кожа и не сака да ги покрива.
4. Рашида Џоунс
Глумица која се прослави со многу комедии. Таа потекнува од многу познато семејство каде нејзиниот татко Квинси Џоунс е црнец, а нејзината мајка Пеги Липтон е бела. Рашида има многу изразени пеги на носот кои со задоволство ги истакнува.
Ѕвездата на серијалот „Хари Потер“, Ема Вотсон има многу пеги бидејќи има прилично светол тен. Не сака често да користи шминка, бидејќи смета дека кожата треба да дише. Затоа често само нанесува крема со заштитен фактор.
Бразилскиот супермодел, Жизел Бундшен често позира за магазините без грам шминка и истакнувајќи ги пегите на лицето. Ги сака и смета дека се многу секси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.