
Лубеницата им е на многумина омилено летно освежување. Помага при слабеење, ја подобрува циркулацијата, го снижува притисокот, но може и да го подобри сексуалниот нагон!
Имено, според неодамнешно истражување на италијанските научници, аминокиселината цитрулин што ја содржи лубеницата ја подобрува циркулацијата и може да ја ублажи еректилната дисфункција.
Нашето тело го користи цитрулинот за да произведе уште една аминокиселина – аргинин, која делува како вијагра.
Аргининот го зголемува јаглеродниот диоксид кој ги опушта крвните садови исто како што го прави тоа вијаграта. Освен тоа, дополнителниот јаглероден диоксид може да помогне во лекувањето на ангина, висок притисок, и други кардиоваскуларни проблеми, покажала студијата.
Лубеницата е одличен избор за врелите летни денови. Содржи 92 отсто вода, 8 отсто шеќери и само 71 калорија по парче. Освен тоа е и одличен извор на витамин Ц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


