| четврток, 6 декември 2018 |

Залетан куршум заврши во возило на скопски авто-пазар

Вчера околу 12 часот, во атар на с.Глумово, скопско, на авто-пазарот, по претходна расправија и физички напад помеѓу Ј.Ј.(55) од с.Паничари и Б.И.(51) од с.Копаница, Б.И од пиштол испукал еден куршум во правец кон Ј.Ј. при што проектилот завршил во патничко возило „фолксваген“, по што истиот се дал во бегство.

По преземени мерки Б.И е пронајден и приведен, се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поснесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top