| четврток, 6 декември 2018 |

Прва „Бела ноќ“ во Крушево

Во Крушево беше ноќ за паметење. Градскиот парк се покри со белата боја, се одржа првата „Бела ноќ“ во Крушево. Овој несекојдневен настан ги собра младите крушевчани на едно место, но привлече и многубројни гости кои дојдоа од сите страни на Македонија. Она што посебно е за пофалба е фактот што забавата помина во одлична атмосфера и без ниту еден инцидент. Младите се дружеа и забавуваа до раните утрински часови.
Паралелно со „Белата ноќ“ во рамките на манифестацијата „Крушево град на културата“, сѐ уште трае „Ревијата на современ македонски филм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top