| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко: Kонцертот во Скопје е круна на мојата кариера

Српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ посебено се гордее со концертот што го одржа на 21 јуни во арената „Филп Втори“ во Скопје, поради тоа што го соборил личниот, но и рекордот на своите колеги. Јоксимовиќ за српски „Блиц“ открива дека сѐ уште ги средува впечатоците и емоциите од спектакуларниот концерт.

Kонцертот во Скопје е круна на мојата досегашна кариера и ќе остане запаметен во историјата на Македонија како најголем настан на сите времиња. Македонците и јас дефинитивно имаме ист вкус и заемно се почитуваме и се сакаме. Признавам дека сѐ уште во сеќавање ми е грандиозната слика од повеќе од 60.000 насмеани и среќни луѓе поради мојата музика – го опишува Жељко својот впечаток од настанот.

Тој признава дека на секој настап има трема, но Македонците го разоружиле уште од самиот старт и со  голем аплауз ги поздравиле неговите гости.

Секогаш пред настап се прашувам дали со публиката ќе ја најдеме вистинската нишка и дали средбата на сите ќе им остане во добро сеќавање. Освен моите величествени гости, ме израдува и тоа што дојдоа голем број мои пријатели, за што сум им благодарен и поради што сум среќен човек. Некои од нив ме изненадија така што забавата што се случи по концертот беше посебна приказна од оваа македонска сага – посочил пејачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top