| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Велика Британија е апсолутно неопходна за Европа

volfgang soibleГерманскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека би било „апсолутно неприфатливо“ Велика Британија да ја напушти Европската унија.

– Гледано историски, политички, демократски, културно, Велика Британија е апсолутно неопходна за Европа, изјави Шојбле.

Министерот конзервативец, кој е близок соработник на германскиот канцелар Ангела Меркел, додава дека е јасно оти постои широк консензус за многу прашања од областа на економијата и управувањето.

Дел од британските медиуми и аналитичари сметаат дека Велика Британија е поблизу од излегување од Европската унија откако Унијата го избра Јункер за претседател на ЕК. Од сите членки на ЕУ, против неговиот избор беа Британија и Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top