| четврток, 6 декември 2018 |

Трудница загина кај Кочани, бебето починало во болница

Дваесет и три годишната Емилија К.од Кочани која била бремена загина во сообраќајна несреќа која вчера околу 18 часот и 40 минути се случила на регионалниот пат Пониква-Кочани на местото викано Етемија.

policijalenta

Според информациите од полицијата, нејзиниот сопруг А.К. (26) управувал во автомобил „волфсваген поло“, но во еден момент изгубил контрола и автомобилот излетал од патот.

Емилија починала на лице место, а покрај напорите да биде спасено нивното бебе, за жал и тоа починало во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top