В среда, на 2 јули, на платото на Младинскиот културен центар (МКЦ) со бесплатни проекции на вело -филмови, музика и дружење ќе се претстави еден од најголемите фестивали на велосипедски филмови – „Меѓунаордниот фестивал на велосипедски филмови“.
Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови е непрофитен филмски фестивал кој се одржува еднаш годишно во два града во Европа – Херне, Германија и Ченстохова во Полска. Мисијата на фестивалот е да ја зајакне меѓународната соработка на полето на велосипедизмот преку филмови посветени на развојот велосипедската култура. Фестивалот има за цел да ја промовира интеракцијата помеѓу креаторите на ваквиот вид на активистички филмови и велосипедистите ширум светот.
Досега, Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови има прикажано повеќе од 150 карти филмови во 30 земји ширум светот од неговото прво издание во 2006 година. Секоја година, повеќе од 20 филма се натпреваруваат за наградата “Златен запчаник” за најдобар филм од гласовите од публика. Свој придонес кон фестивалот и неговото меѓународно етаблирање допринеле и браќата Нејстат, оскаровецот аниматор Мајкл Дудок, светски познатиот велосипедист Лукас Брунел и многу други светски филмски дејци.
На последното издание на Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови во 2013 година биле прикажани повеќе од 17 филмови од 10 земји од светот.
За прв пат овој фестивал на иницијатива на Младинскиот културен центар и организацијата „На Точак“, овој меѓународен фестивал ќе гостува со своја програма во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.