| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Без паника“ избрана за најдобра на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“

gola_mesecina

Претставата „Без паника“ во продукција на Народниот театар од Битола ја доби наградата за најдобра претстава на првиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ во организација на Театар комедија.

Синиша Евтимов ја доби наградата за најдобар режисер за претставата „Сомнително лице“ на Македонскиот народен театар. „Атрактивниот и современ режисерски пристап, како и одлично изградените карактери и драмски ситуации се причините поради кои оваа претстава живее многу години на репертоарот на МНТ, се вели во образложението.

Наградата за најдобра машка улога му припадна на Зоран Љутков за ликот на Цанде во „Солундски патрдии“, во продукција на Драмски театар, а наградата за најдобра женска улога ѝ припадна на Елвира Аљукиќ, за улогата на Анѓа во претставата „Хамлет од Долна Мрдуша“ во продукција на Народниот театар „Тузл“.

Со претставата „Пукна срам“ од Белград на 27 јуни се затвори натпреварувачкиот дел на фестивалот, на кој беа изведени седум претстави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top