Тешка сообраќајна несреќa помеѓу патничко моторно возило „Југо“ и мотор „Кавасаки“ се случила поладнево во 17:35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски во сообрајќајката тешки телесни повреди добиле две лица кои биле на моторот и тие се префрлени на лекување во охридската болница „Свети Еразмо“. Патниците во од автомобилот „Југо“ добиле лесни телесни повреди.
Полицијата врши увид на местото на сообраќајната несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.