| четврток, 6 декември 2018 |

Младата пијанистка Ивона Базгалоска- второнаградена во Белград

pi 1

Младата и надежна пијанистка, ученичка во охридското основно музичко училиште „Методи Патчев“, Ивона Базгалоска, ја освои втората награда на неодамна одржаниот меѓународен натпревар во Белград.

– Учеството на овој меѓународен натпревар е вредно искуство за Ивона. Секое претставување во меѓународни рамки претставува предизвик и е една неопходна етапа и скалило во развојот на секој млад пијанист. После постигнатите високи резултати на државните натпревари, таа имаше можност да ги покаже своите способности во конкуренција на ученици од поширокиот регион, да се запознае со нивните постигнувања, да биде дел од една група талентирани млади пијанисти од различни краеви кои чекорат по еден ист пат, патот на музиката. Постигнатиот успех е само уште еден дополнителен мотив да продолжи да вежба, да работи, да го развива својот талент и потенцијал, вели нејзиниот професор Даниел Чуркоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top