Турскиот престедател Абдула Ѓул изјави дека нема да се кандидра за втор мандат, со што се отвора патот за кандидатурата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Ѓул, чиј мандат истекува на 28 август, ја соопшти својата одлука по денешната средба во Истанбул со премиерот Ердоган.
Турскиот претседател тврди дека го известил премиерот дека нема да се кандидира за втор мандат уште пред локалните избори што се одржаа во март. Според статутот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) премиерот може да има само три мандати, а оваа е трет мандат на Ердоган. Аналитичарите посочуваат дека Ердоган најверојатно во вторник ќе ја објави својата претседателска кандидатура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.