| четврток, 6 декември 2018 |

Жешки телефони меѓу Оланад и Меркел со Путин и Порошенко

Ukraine president-elect Poroshenko looks on as German Chancellor Merkel talks to Russian President Putin after a group photo for the 70th anniversary of the D-Day landings at Benouville CastleФранцускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел повторно телефонски разговараа со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Петро Порошенко околу состојбата во Украина.

– Тие укажаа на значењето на новиот конкретен напредок со цел стабилизација на безбедносната ситуација на теренот, продолжувањето на примирјето и спроведувањето на мировниот план претставен од украинските власти, соопшти Елисејската палата.

Оланд и Меркел во двочасовниот разговор ги охрабрија Путин и Порошенко да работаат на воспоставување на верификациски механизам под контрола на Организацијата за безбедност и стабилност во Европа (ОБСЕ), на примирјето и на ефикасна контрола на границата.

Францускиот шеф на државата и германската канцеларка ги повика рускиот и украинскиот претседател да работаат на повторно воспоставување на контрола на украинските власти над три гранични пунктови кои се заземени од сепаратистите, на отпочнување преговори за спроведување на мировниот план на Порошенко и за натамошно ослободување на заложниците.

Четворицата лидери се договорија утре повторно да разговараат за ситуацијата во Украина, пред истекот на продолженото примирје, кое истекува утре вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top