| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот и дождовите ги оставија без вода за пиење жителите на Кавадарци, Росоман и Крушево

Наглото топење на снегот и поројните дождови ги оставија без вода за пиење жителите на Кавадарци, Росоман и Крушево.

 Јавното претпријатие Комуна од Крушево ги предупреди крушевчани задолжително да ја превриваат водата за пиење во следните два три дена затоа што изворите биле заматени од наглото топење на снегот.

Од Центарот за јавно здравје во Кавадарци пак, изветија дека поради обилните дождови се заматила водата во изворот Лукар од каде вода пијат кавадарчани и жителите на Росоман. И од таму предупредија дека водата не е запиење, но ако немаат други избор, населението треба да ја преврива најмалку десетина минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top