| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ ја повика опозицијата да се врати во парламентот

ДУИ ја повика опозицијата да се врати во законодавниот дом. Од партијата нагласуваат дека владата има чист легитимитет кој го доби на неодамнешните парламентарни избори

77B3BB38-499F-4D21-9997-29FCC65A70C7_w640_r1_sМакедонската влада има чист легитимитет од мнозинство граѓани, вклучувајќи го и двојното етничко мнозинство од неодамнешните предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ги одобрија програмите на политичките партии, а кои се трансформирани во владината програма и тие очекуваат таа да биде имплементирана до крај.

Ова е еден од заклучоците донесен на денешната седница на Претседателството на Генералниот совет на ДУИ, во врска со барањата од страна на македонските опозициски партии за предвремени парламентарни избори и реформирање на владата по нивна волја.

Според ДУИ, земјата е во стабилна политичка ситуација, институциите функционираат во согласност со Уставот и законите. Тие со повик до опозицијата да се врати во институциите и низ заедничка дебата да се решат предизвиците со кои се соочува земјата. Воедно, од партијата гарантираат одржување фер и демократски избори според меѓународните стандарди.

– ДУИ во својата 10-годишна активност покажа дека секогаш кога таа организира избори во секое ниво тие се мирни, фер и демократски. И овој пат ДУИ превзема највисока морална и политичка одговорност да гарантира одржување на избори, во кои ќе се применат највисоките стандарди препорачани од страна на ОБСЕ/ОДИХР, се наведува во соопштението.

Партијата, се додава, останува посветена на стратешките цели на државата за спроведување на евро-атлантската интеграција и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top