Американскиот државен секретар Џон Кери во писмото упатено до министерот за надворешни работи на БиХ Златко Лагумџија изрази надеж дека властите на земјата ќе се издигнат над етничките и политичките бариери и ќе ја поведат земјата напред на патот кон евроатлантските интеграции.
Кери му се заблагодарува на Лагумџија на претходно упатеното писмо со информациите за предизвиците со кои се соочува БиХ по поплавите.
Американскиот државен секретар наведува дека САД ќе бидат со народот на БиХ во тешкиот период на заздравување, потсетувајќи оти Вашингтон издвои 2,7 милиони долари итна помош за земјата за соочување со последиците од поплавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


