| четврток, 6 декември 2018 |

150 килограми хашиш во лубеници

marijuana-disguised-as-watermelonsГрчката полиција во градот Патрас откри 150 килограми хашиш во камион кој превезувал лубеници за Италија.

Пристанишните власти го пребарале камионот пред тој да се качи на брод за Италија и ја пронашле дрогата во 137 пластични кеси спакувани во 14 картонски кутии, кои биле скриени меѓу дрвените контејнери со лубеници.

Уапсен е 45-годишниот возач на камионот, а полицијата го истражува потеклото на пратката и луѓето кои биле вклучени во шверцот на дрогата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top