| четврток, 6 декември 2018 |

Закана за убиство на Путин од Киев

ukrainian-patriots-kill-putin.siУкраинскиот пратеник и поранешен министер за одбрана Анатолиј Гритсенко во популарна емисија на локална телевизија изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би бил убиен доколку го посети Киев.

– Верувам дека има патриоти кои би го убиле и тоа би било права работа која треба да се направи, истакна Гритсенко.

Украинскиот пратеник наведе дека Путин нема да запре.

– Тој не ја сака само Украина, туку и балтичките држави и други земји, посочи Гритсенко, кој двапати беше претседателски кандиодат на избворите во Украина – 2010 и 2014 година.

Тој не објасни врз што ги темели своите заклучоци, нарекувајќи го рускиот претседател фашист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top