| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сараево пронајдена бомба тешка половина тон

Неексплодирана бомба тешка половина тон била пронајдена при градежни работи во сараевската населба Бољаков Поток, соопшти в.д. директорот на Федералната управа за цивилна заштита на Босна и Херцеговина, Фахрудин Солак.

– Веројатно се работи за бомба која останала уште од времето на Втората светска војна. Тоа е бомба со голема разорна моќ. Ги преземавме сите мерки за да го заштитмен населението, нагласи Солак.

Тој информира дека локацијата околку бомба е оградена и дека експлозиваната направа се подготвува за транспорт на безбедна локација.

Солак најави дека е можно пред поместувањето на бомбата да биде спроведена и евакуација на населението што живее близу локацијата на која се наоѓа експлозивната направа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top