Туриа Пит од Австралија се најде на насловната страна на списанието „Вомен Викли“, но таа не е модел, ниту пак суперѕвезда.
Пред неколку години таа настрада во ужасен пожар, при кој се здоби со неверојатни изгореници по лицето и целото тело.
Сепак, 26-годишната Туриа успеала да преживее и со натчовечки напор 864 дена се борела за својот живот.
Нејзиното тело е покриено со тешки лузни од изгорениците, кои зафатиле 65% од телото.
Таа вели дека воопшто не се срами од својот изглед, а денеска работи како мотивациски говорник и ширум светот држи предавања и ги охрабрува луѓето да се сакаат онакви какви што се.
Нејзиното момче Мајкл никогаш не ја напуштил Туриа кога и било најтешко, а и покрај сите препреки на кои наишле тие и денеска се заедно.
Хелен Мекеб, уредничката на списанието, вели дека и било огромно задоволство да работи со Туриа, за која вели дека носи неверојатна харизма во себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.