| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник згазил полицаец сакајќи да му избега

Полицаец бил повреден вчера во обид да сопре патничко возило заради контрола. Настанот се случил околу 1 часот во кичевското село Жубрино, кога полицајци сакале да го сопрат возилото.

Возачот ја зголемил брзината и удрил во еден полициски службеник по што го напуштил местото на настанот.

На повредениот му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје.

По преземени мерки, приведено е едно малолетно лице за кое постои сомнеж дека е можен сторител на делото. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top