| четврток, 6 декември 2018 |

Станија доби забрана да се соблекува

Американците во три наврати ја казниле српската старлета Станија со по 500 долари бидејќи се соблекувала топлес на плажи кои во тие делови е забрането.

Изгледа скапо ќе ја чини тоа што го покажува бујното деколте со кои реши по Србите, да ги заведе и Американците, но за разлика од широките сфаќања на Балканците, таму не поминала најдобро.

1275706-07

– Таа многу не се грижи околу казните бидејќи сака рамномерно да поцрни на сите делови од телото, па затоа ризикува да биде казнета. Последниот пат чуварите ја замолија да се облече, па иако се облече, повторно ја казнија. Не попуштија ни кога се обиде да ги шармира, па и објасниле дека ако не ја плати казната ќе бидат принудени да ги известат надлежните органи, вели извор кој кажал дека таа не се опаметила и ќе продолжи да се соблекува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top