Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Тихиот Океан на околу 1.000 километри јужно од јапонскиот главен град Токио, соопшти Националната метеоролошка служба на Јапонија.
Епицентарот на потресот бил јужно од островот Ио, со жарипте на 170 километри под дното на Пацификот. Земјотресот бил почуствуван од жителите на архипелагот Огасавара.
Како што јави ИТАР-ТАСС, нема инфромации за жртви и евентални материјани штети предизвикани од земјотресот.
Јапонската Меторолошка служба информира и дека нема опасност од појава на цунами во регионот на потресот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


