| четврток, 6 декември 2018 |

Се вози по влажни коловози, погледнете каде има прекини и привремени застои во сообраќајот

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози, информираат од АМСМ.

На регионалниот пат Р-602 месноста Три Води- Рич  паднат е мостот и моментално сообраќајот е во прекин.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлечка сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа-осветлување, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, каде е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Се очекува работите да потраат околу еден месец.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово- Велес, Маврово- Дебар- Струга, Демир Капија-Удово, Кочани- Делчево и Берово- Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top