
Ангела Меркел, канцеларката на Германија денеска им оддаде почит на атентаторите на Адолф Хитлер. Настанот се случил пред 70 години.
Канцеларката во вторник ќе отвори изложба во Меморијалниот центар на германскиото Движење на отпорот. Изложбата е посветена на обидот за атентат врз Хитлер. Атентатот бил предводен од грофот Шенк фон Штауфенберг на 20 јули 1944 година.
– Мислам дека е убава можност на 70-годишнината да се отвори изложба. Таа покажува како луѓето знаеле да донесат одлука во тешки околности. Не се воделе од безусловна лојалност, туку сами формирале идеја за тоа што и е потребно на Германија – изјавила Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


