| четврток, 6 декември 2018 |

Брендови од поранешна СФРЈ кои го преживеја комунизмот

SFRJ-proizvodi-Tomos-Vegeta-Plazma-Bekutan

За време на поранешна СФРЈ многу брендови направија имиџ и препознатлив квалитет кој им помогна да се одржат на пазарот. Многу од нив и денес се познати, а меѓу нив и производот на скопски „Алкалоид“ – „Бекутан“, кремата за деца. Кремата постои веќе 36 години, а се проценува дека досега се проддени повеќе од 45 милиони креми. Без разлика на силната конкуренција на пазарот, потрошувачите останаа верни на овој произовод на „Алкалоид“.

Меѓу другите брендови се уште и „Подравка“ на „Вегета“ која денес се продава во 40 земји во светот, потоа моторите „Томос“ кои порано ги произведуваа 3.000 работници, а денес има 25 вработени. Кексот „Бамби плазма“ во 1970 година произведувал 16 милиони кутии, а денес тој број изнесува дури 70 милиони. Словенечката компанија „Горење“ на почетокот имала само 11 вработени, а за време на комунизмот дури 1.000 работници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top