
Познатиот „висечки“ мост во американскиот град Сан Франциско, наскоро ќе добие челчна заштитна мрежа вискоа шест метри, со цел да се спречат самубиствата од него.
Поставувањето на мрежата ќе чини 76 милиони долари, од кои 20 милиони ќе бидат обезбедени од наплатата на мостарина, 49 милиони од федералните фондови на САД, а седум милиони ќе даде сојузната држава Калифорнија.
Од неговото отворање во 1937 година, од „Голден гејт“ самоубиства извршиле околу 1.400 лица, од кои 46 лани.
Дебатата за поставување на заштитна мрежа против самоубијците на „Голден гејт“ трае со децении, но идејата досега беше одлагана пред се поради финансиски причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


