| четврток, 6 декември 2018 |

По првиот топлотен бран, во Грција горат 80 пожари

Пожарникарите низ цела Грција се борат со околу 80 пожари кои предизвикаа помала материјална штета, а едно лице е полесно повредено,.

Грчките власти соопштија дека повеќето пожари се под контрола, меѓу кои и најтешкиот во преградието на Коринт, околу 80 километри југозападно во Атина, каде беше повреден еден пожарникар. Во овој пожар беа оштетни една куќа, автомобил и повеќе хектари маслинови дрва.

Според последните информации, пожари горат на неколку локации во регионот Атика, на полуостровот Пелопонез и во централна Грција, но моментно ниту една станбена зона не е загрозена.

Пожарите избувнаа по првиот топлотен бран што ја зафати Грција од 24 јуни. Пожарникарите до сега не пронајдоа никакви докази дека огновите се подметнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top