| четврток, 6 декември 2018 |

Вибратор го одложи летот за Сплит

Необичен звук и вибрирање на женска чанта го алармираа обезбедувањето на аеродром во Шведска. Додека траело качувањето на патниците во авион на „Скандинавија ерлајнс“ што требало да полета кон Сплит, во еден миг се чул необичниот звук и вибрациите, пренесува хрватски „24 часа“.

Обезбедувањето веднаш го прекинало процесот за качување на патниците, сите биле извадени од авионот, по што следела проверка и на багажот. Во една женска чанта имале што да видат, вклучен вибратор. На прашање од полицијата чија е торбата, од групата излегла дваесетгодишна девојка.

По деталната проверка, било утврдено дека сепак не станува збор за никаква „опасна“ направа и било дозволено авионот да полета. Девојката, за која се вели дека се викала Аманда исто така влегла во авионот, но за време на летот имало шеги
на нејзина сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top