– Навистина е голема чест и задоволство да бидеме домаќини на овој прв состанок на „Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – јакнење на културата во функција на развојот“ кој верувам дека ќе резултира со конкретни заклучоци и проекти кои ќе ја унапредат и интензивираат нашата регионална соработка – порача од Охрид, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Таа во своето обраќање во рамките на министерската конференција на „Советот на министри за култура на Југоисточна Европа“, додаде дека цела деценија, регионалната соработка во Југоисточна Европа на полето на културата константно се развива.
– Сите ние ги препознаваме културата и културното наследство како заеднички ресурси за одржлив развој, за активно граѓанство и за социјална кохезија. Планирајќи ги националните стратегии, редовно се осврнуваме на резултатите од нашата работа, како и на придобивките од проектите кои се резултат на регионалното поврзување. Соработката меѓу нас во изминатиот период се конкретизираше во формалните структури – платформите коишто се согласивме да ги основаме на министерско ниво, за да можеме што поефикасно да ги решаваме сите отворени прашања, да го унапредиме културното дејствување на регионот – изјави министерката Канческа-Милевска.
Министерката се осврна на значењето кое го има Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, популарно рефериран како КОМОКОСЕЕ. Според неа, заедничките иницијативи кои биле спроведени преку КОМОКОСЕЕ, го унапредуваат дијалогот и овозможија постигнување на консензус за важни прашања од областа на културата и културното наследство.
– Во текот на претседателството со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, Република Македонија даде свој значителен придонес во унапредувањето на оваа наша заедничка платформа, финансирањето и менаџментот на проектите од областа на културата и културното наследство. Во времето на глобалната светска криза, кога целиот свет се соочи со потешкотии во буџетирањето, нашата Влада сепак со големо внимание инвестираше во многу капитални проекти од областа на културата и културното наследство. Наш приоритет беше и ќе остане меѓународната презентација и соработка и во тој контекст ќе настојуваме и во иднина да поттикнуваме нови иницијативи и активно ќе партиципираме во постоечките проекти кои во голема мера можат да ја интензивираат регионалната соработка – додаде министерката Канческа-Милевска.
Во своето обраќање пред присутните, министерката заклучи дека идните планови треба да бидат насочени кон збогатувањето на активностите на постоечките регионални центри, меѓу кои и Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство во Скопје, Република Македонија.
Република Македонија е биде домаќин на Конференцијата „Јакнење на културата во функција на развојот“. На конференцијата присуствуваат Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, министри за култура од земјите од Југоисточна Европа, шефови на делегации и претставници на земјите членки на КОМОКОСЕЕ, гости од УНЕСКО, Регионалниот совет за соработка и од другите меѓународни инстанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Груевски и Канческа- Милевска извршија увид во градежните работи за обнова на Светиклиментовиот универзитет
-
Во духот на заложбите на Мајка Тереза: Специјално издание за слепите лица кои ќе ја посетат нејзината Спомен-куќа
-
Конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог во Битола
-
23 награди на првиот конкурсен рок за нарачка на дела од класичната музика