| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не го сака златото на Соња

Златото и златниот накит на сопственичката на ТАТ, Соња Николовска, никој не сака да го купи. Првиот обид на стечајниот управник на ТАТ, Душко Јанкуловски денеска да го продаде златото на аукција, која се одржа во Основниот суд во Битола беше неуспешен, објави „Нова Македонија“.

И покрај тоа што се шпекулираше дека за златото на Соња Николовска, кое беше понудено на продажба ќе има многу заинтересирани, сепак на аукцијата никој не се пријави за купување.

-Со оглед на тоа што никој не се пријави ќе има втора аукција, на која златото ќе биде повторно понудено  на продажба по истата цена, која изнесува 8.088.210. ден. или околу 130.000 евра – вели стечајниот управник на ТАТ, Душко Јанкуловски.

Инаку на првата продажба златото и златниот накит на Соња Николовска, кое по одлуката на Врховниот суд станаа дел од стечајната маса, денеска беа понудени сите 798 златни предмети, злато, платина со украсни камења, прстени, белегзии, огрлици, обетки, нараквици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top