Кон крајот на денот би требало да има извесно намалување на облачноста и врнежите ќе престануваат.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе дистигне до 13 степени.
Поради топлото време и интензивните врнежи од дожд на повисоките планини ќе има забрзано топење на снежната покривка. Во среда ќе има повремени и послаби локални врнежи од дожд, на планините поради заладувањето врнежите ќе бидат од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.