| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на Андреа Јакимовска – транвестит од Тетово

Нејзината појава не може никого да остави рамнодушен, особено во Тетовско, каде што живее. Висока кокетна русокоса, со припиени фармерки и високи женски потпетици, дискретно нашминкана со раскошно деколте, вози автомобил како вистински маж, а грациозно оди како вистинска дама, пишува денешен „Дневник“.

Андреа повеќе од 20 години живее како транссексуалец. Имала семејство, две деца, поранешна сопруга, која ја напуштила, а децата не ги видела со месеци. Тие останале кај мајката. Андреа вели дека поради изгледот постојано е омаловажувана, не можела да си ги оствари ниту основните потреби. Била исфрлувана од тетовската болница, омаловажувана од државни службеници, тепана.

Тврди дека постојано е во полициската станица и во судот и оти денот не и поминува без стрес.

Тоа е Андреа, полна со контрадикторности, но во едно е сигурна, таа е женска личност и во исто време несреќен татко на две деца.

Раскажува дека откако го сменила полот, не и дозволуваат никаков контакт со децата.

– Моите солзи се мои океани, многу се исплакав последниве неколку години. Сешто преживеав и, еве, пак сум на нозе. Навредувана и честопати тепана. А, јас само сакам да живеам и да бидам со моите деца. Точно, не плаќам алиментација за моите деца. Ама како да платам? Да продадам бубрег? Не работам и немам пари. Живеам во Тетовско, сите се познаваат меѓусебе, има многу табуа и срам меѓу луѓето, затоа никој не сака јавно да си има работа со мене. Ќе го озборуваат. Точно е, бев маж, сега сум жена, што има тука толку страшно – вели Андреа.

Оваа жена, која се родила како маж, вели се чувстува како Дон Kихот, кој низ Тетово трага по својата вистина, во средина каде што и бојата на панталони може да предизвика озборување.

Целиот текс на „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top