Африм Таири, генералниот секретар на Исламската верска заедница поднесе оставка.
„Не сакајќи и понатаму да се занимавам и да бидам обвинуван за туѓи грешки, поднесувам оставка од функцијата генерален секретар на ИВЗ на Република Македонија. Како поранешен ученик на Средното теолошко училиште „Иса Бег Медреса“, по повод почетокот на месец Рамазан, ја користам приликата на сите верници да им го честитам овој месец и да апелирам до сите теолози да го дадат својот максимум во што поквалитетно образување на младите генерации“, напиша на својот профил на „Фејсбук“, Африм Таири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


