Сончево време и релативно топла сабота нѐ чека денеска. Иако во текот на денот ќе дува слаб северозападен ветер, поголема нестабилнсот како претходните денови не се очекува.
Утринската температура ќе се движи меѓу 12 и 17 степени.
Максималната температура ќе достигне и до 31 степен. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време, претежно сончево време, но само со слаб ветер што значи не очекува спарно време карактеристично за скопските лета.
Метеоролозите највавуваат дека слично време како денеска, нѐ очекува и во следните денови, кога препорачано ќе биде да се избегнува излегувањето надвор во периодот од 9 до 17 часот, па и подоцна.
Летни температури и време, барем засега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


