Гради
Колку поголем број на градникот, толку поинтелегентна сопственичка – барем така тврдат научниците од Универзитетот во Чикаго. Социолозите извршиле испитување на група од 1200 жени со дадени тестови за интелигенција. Резултатите покажале дека жените со поголеми гради во просек имале 10 поени повеќе од другите.
Половина
Луѓето со потенки половини живеат подолго, се вели во студијата објавена во списанието „Архива на интерна медицина“. Според студијата, поголемиот обем на половината носи поголем ризик од смртност.
Папок
Местото каде е поставен папокот може да укаже дали едно лице е подобар пливач или тркач, се вели во една студија објавена во магазинот „International Journal of Design and Nature and Ecodynamics“. Лицата на кои папокот им е поставен повисоко имаат и повисоко поставен центар на гравитација и подолги нозе, а со тоа тие побрзо може да трчаат. Кај оние кај кои папокот е поставен подолу, торзото е подолго, што ги прави подобри пливачи.
Колкови
Според анкетата спроведена од страна на Универзитетот во Лидс, во која учествуваа жени меѓу 18 и 26 години, жените кои имаат пошироки колкови, имаат и повеќе сексуални партнери и авантури за една ноќ.
Бедра
Луѓето со подебели бутови имаат помал ризик од болести на срцето и дијабетес тип 2, според една студија објавена во Британскиот медицински журнал.
Извор: shine.yahoo.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од ова растение градите растат како луди, а стомакот го снемува за миг: Резултатите ќе ве препородат!
-
Ова е најбрзиот тест за интелигенција, тестирајте се сами!
-
Науката потврди: На момчињата им растат гради од есенцијални масла
-
Едната града ми е искривена: како сега ќе одам на дочек на Новата година


