| четврток, 6 декември 2018 |

Билбилов: Уметникот секогаш бара начин како да не му биде убаво

Ка­ко дел од три­о­то што ги соз­да­де пес­ни­те „Го­то­во е“, „Те­шко без те­бе“ и „Таж­на љу­бов, среќ­на пес­на“, ком­по­зи­то­рот и му­зи­чар Ро­берт Бил­би­лов ве­ли де­ка не е по­ра­зи­те­лен фа­ктот што ни­ту ед­на од нив не го освои пр­во­то ме­сто. Најм­но­гу го ис­пол­ну­ва­ат лу­ѓе­то што по­сто­ја­но ја иска­жу­ва­ат сво­ја­та емо­ци­ја пре­ку не­го­ви­те пес­ни

Тие трој­ца са­мо­стој­но ве­ќе одам­на се вте­ме­ле­ни во ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка исто­ри­ја. Но, за­ед­но оста­ви­ја три вред­ни бе­ле­зи во вид на пес­ни, кои ид­ни­те ге­не­ра­ции не­сом­не­но ќе ги на­ре­ку­ва­ат евер­гри­ни. Ро­берт Бил­би­лов, Игор Џам­ба­зов и Та­ма­ра То­дев­ска соз­да­доа со­вр­ше­на му­зич­ка фу­зи­ја, ко­ја пуб­ли­ка­та ја обо­жа­ва, а фе­сти­вал­ски­те на­гра­ди ја из­бег­ну­ва­ат.

 

Ка­ко дој­де до со­ра­бо­тка­та со Игор и со Та­ма­ра?
Бил­би­лов: Спон­та­но, во се­кој слу­чај. Со Та­ма­ра ра­бо­ти­ме одам­на, уште од неј­зи­ни­от по­че­ток имав сре­ќа таа да поч­не со ме­не. Поч­нав­ме во 2001 го­ди­на, бев­ме и на „Сун­ча­не ска­ле“, та­му осво­ив­ме на­гра­да за пес­на­та „Да­ли знам“. Во 2003 го­ди­на за­ста­нав­ме со „1003“ и по не­кое вре­ме се сми­ри­ја стра­сти­те и по­втор­но поч­нав­ме да ра­бо­ти­ме. Со Игор Џам­ба­зов со­ра­бо­тка­та поч­на на на­ше ба­ра­ње. Игор е еден од нај­до­бри­те тек­сто­пис­ци, ба­рем за ме­не, на­ви­сти­на вре­ди да се по­че­ка, не­ко­гаш е мал­ку ба­вен, но знае да про­тол­ку­ва не­кои збор­чи­ња, да на­пра­ви по­ве­ќе од два сти­ха, да ги свр­зе, што е мно­гу ре­тко и те­шко да се на­пра­ви, а тоа е за сим­ну­ва­ње ка­па. Мно­гу е лес­но да на­пи­шеш ка­ков би­ло текст, да им­про­ви­зи­раш, но мно­гу е те­шко да ги на­пи­шеш ви­стин­ски­те збо­ро­ви, кои ќе до­прат до слу­ша­те­лот и ако пе­ја­чот ги пее ти­вко.

Пес­ни­те до­преа до на­ро­дот, но ни­ка­ко да стиг­нат до пр­во­то ме­сто на фе­сти­ва­ли­те…
Бил­би­лов: Овој пат стиг­нав­ме на од­лич­ни­те 8., 9. и 10. ме­сто, но тоа не е знак де­ка пес­на­та е до­бра или ло­ша. Тоа не е по­ра­зи­тел­но би­деј­ќи е нај­бит­но да имаш пес­на ко­ја ќе би­де хит, ко­ја ќе се вр­ти, ко­ја ќе оста­не. Да не го тро­шиш вре­ме­то во сту­дио по­пу­сто. На­ви­сти­на не е лес­но да жи­ве­еш со ед­на пес­на се­кој ден. Не­ко­гаш е уба­во да ја на­гра­дат таа пес­на, но, се­пак, јас знам де­ка ко­га слу­шаш 30 пес­ни на еден фе­сти­вал, на кој си­те зву­чат бу­квал­но исто, би­деј­ќи е исти­от спе­ктар ин­стру­мен­ти, са­мо пе­ја­чот се ме­ну­ва, нор­мал­но е лу­ѓе­то да не ја ви­дат раз­ли­ка­та и да на­пра­ват гре­шка. Не са­кам да ка­жам де­ка ту­ка се на­пра­ви гре­шка, лу­ѓе­то си ја од­браа пес­на­та што им се до­пад­на­ла во мо­мен­тот. Не­ко­гаш мо­же да се слу­чи не­ко­ја пес­на што е до­бра, да не се по­го­ди по­ра­ди енер­ги­ја­та или слич­но, би­деј­ќи не­ка­ко се ме­ша­ат емо­ци­и­те. Ка­ко и да е, знам де­ка има­ме хит.

Пла­ни­ра­те да про­дол­жи­те со соз­да­ва­ње за­ед­но или мо­же­би е вре­ме за па­у­за?
Бил­би­лов: Ќе на­пра­ви­ме па­у­за од фе­сти­ва­ли, не де­ка сме раз­о­ча­ра­ни, ту­ку има­ме та­ква стра­те­ги­ја. Та­ма­ра го под­го­тву­ва но­ви­от ал­бум, мо­мен­тал­но сме фо­ку­си­ра­ни на тоа.

Ре­до­вен си на „Ма­кфест“ и нај­до­бро мо­жеш да ја по­чув­ству­ваш раз­ли­ка­та од ми­на­ти­те го­ди­ни. Ка­ко гле­даш на про­ме­ни­те во ово­го­диш­но­то из­да­ние?
Бил­би­лов: Тоа е за по­фал­ба би­деј­ќи не е тол­ку ед­но­став­но да го на­пра­виш се­то тоа. Се­пак, тоа е цел ор­ке­стар, 60 раз­лич­ни ин­стру­мен­ти сви­рат одед­наш. Тоа се лу­ѓе кои се од­лич­ни му­зи­ча­ри, но, се­пак, има­ат 30 пес­ни кои се то­тал­но раз­лич­ни. Нор­мал­но, ти мо­жеш да ги на­пи­шеш но­ти­те, но не мо­жеш да им да­деш ду­ша на тие но­ти.

Та­ма­ра не е твој единс­твен про­ект. Што сле­ду­ва од сту­ди­о­то на Бил­би­лов?
Бил­би­лов: Во мо­мен­тов ра­бо­там на не­кол­ку про­е­кти што се за­вр­ше­ни. Во прин­цип, из­ми­на­ти­ов пер­и­од бе­ше мно­гу бу­рен. Се­га тре­ба да се по­ја­ви но­ва пес­на на Са­ра Мејс, се на­де­вам де­ка таа пес­на ќе би­де до­бра и слу­ша­на би­деј­ќи, пред сѐ, е ра­ди­о­хит. Тие што се раз­би­ра­ат во ри­там, ќе ви­дат кол­ка­ва раз­ли­ка има во ри­та­мот, ка­ков екс­пе­ри­мент има, но, се­пак, до­бар за слу­ша­ње, а те­жок за пра­ве­ње. Пот­пи­шав до­го­вор и со Со­ња Мем­бре­њо од Бу­га­ри­ја, де­но­ви­ве тре­ба да из­ле­зе ви­де­ос­по­тот за но­ва­та пес­на, кој изг­ле­да свет­ски. По­доц­на ќе го ра­бо­ти­ме и це­ли­от неј­зин прв ал­бум.

За­се­га не до­би ме­сто ме­ѓу пес­ни­те што се суб­вен­ци­о­ни­ра­ни од др­жа­ва­та, но ве­ро­јат­но пла­ни­раш по­втор­но да се оби­деш. Ка­ко гле­даш на тој нов че­кор за по­мош на му­зи­ча­ри­те?
Бил­би­лов: Тоа е од­ли­чен че­кор. Во пр­ви­от круг има­ше не­кои не­до­раз­би­ра­ња и дуп­ки во за­ко­нот, што е и нор­мал­но. Се­ко­гаш има лу­ѓе што ги раз­мис­лу­ва­ат и ги фа­ќа­ат тие дуп­ки, се на­де­вам де­ка тоа ќе се ис­пра­ви би­деј­ќи има ка­те­го­рии и во тие ка­те­го­рии ако не­кој пе­јач има по­ве­ќе кон­цер­ти или на­ста­пи, а, се раз­би­ра, де­ка се­ко­гаш ќе има не­кој по­до­бар и мо­же да се слу­чи не­кои пе­ја­чи по­ра­ди таа ка­те­го­ри­ја ни­ко­гаш да не мо­жат да зе­мат пес­на, а тоа би би­ло ап­сурд. Тре­ба да се из­би­ра пес­на, а не ка­те­го­ри­ја пе­јач. Ако имаш до­бра пес­на, имаш суб­вен­ции, ако не­маш до­бра пес­на, би­ди кој са­каш, не­мој да ја тру­еш пуб­ли­ка­та, дај ѝ до­бра пес­на. Ко­га ма­ке­дон­ска­та естра­да бе­ше во ед­на кри­за, во пер­и­од ко­га ни­што не функ­ци­о­ни­ра­ше, ние, авто­ри­те, про­дол­жив­ме, ние бев­ме пос­лед­ни­те хе­рои што се оби­ду­ваа да ја вра­тат естра­да­та. А, си­те што спи­е­ја то­гаш, се­га се раз­бу­ди­ја и се­га ај­де ќе пра­ви­ме пес­на. Нор­мал­но, се­кој е гла­ден, же­ден за пес­на, за па­ри, би­деј­ќи не­кои ег­зи­сти­ра­ат од тоа, но дај­те пр­во да ја вра­ти­ме естра­да­та во пр­во­бит­на­та со­стој­ба би­деј­ќи на­ви­сти­на има­ме ква­ли­тет­ни пе­ја­чи, тек­сто­пис­ци, ком­по­зи­то­ри, аран­же­ри. Тре­ба да ни за­ви­ду­ва­ат, тре­ба да се спо­ре­ду­ва­ат со нас, да ре­чат де­ка Ма­ке­до­ни­ја на­ви­сти­на има ква­ли­тет. Тре­ба са­мо да им да­де­ме ак­цент на не­кои лу­ѓе да одат на­пред, пос­ле тоа ќе има про­стор за си­те.

Ко­га ќе се трг­не на­стра­на ра­бо­та­та, што оста­ну­ва за Ро­берт?
Бил­би­лов: Сре­ќен сум во се­кој сег­мент од жи­во­тот, онол­ку кол­ку што тре­ба да би­дам, во одре­де­ни до­зи. Се­пак сум умет­ник, умет­ни­кот се­ко­гаш си ба­ра на­чин ка­ко да не му би­де уба­во. Ние умет­ни­ци­те сме та­кви, де­стру­ктив­ни, но сре­ќен сум, пра­вам уба­ва му­зи­ка, тоа најм­но­гу ме ис­пол­ну­ва. Лу­ѓе­то ја ка­жу­ва­ат сво­ја­та емо­ци­ја, тоа што го чув­ству­ва­ат, во пес­ни­те што ги пра­вам и тоа ми при­чи­ну­ва за­до­волс­тво.

 

(Пишува: Марина Костовска
Текст објавен во 94. број на неделникот „Република“, 20.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top