| четврток, 6 декември 2018 |

Се плашела дека сопругот ќе ја остави, па го убила синот, па себе

Манекенката Елиза Колоџиеј го задушила својот 6-годишен син со перница, а потоа и самата си пресудила бидејќи била убедена дека нејзиниот богат сопруг ќе ја остави, пишува „Дејли меил“.
елиза

Телата на 27-годишната манекенка и нејзиниот син ги пронашол сопругот Себастиен Колоџиеј во нивната куќа во Полска. Пријателите и соседите се шокирани, опишувајќи ги како совршено семејство од бајките.
елиза 2
Откако го задушила синот со перница, Елиза зела нож од кујната и се забодела во срце. Некогаш била модел, а дипломирала на престижниот универзитет „Козмински“. Фотографиите што ги објавувала на својот профил „Фејсбук“ прикажувале среќни моменти со синот.
елиза 3
– Беше висока, прекрасна и љубезна. Тој, пак, е успешен и богат, а нивниот син беше безгрижно дете со многу пријатели – изјавил еден од соседите.
елиза 4

Било познато дека Елиза пати од депресија и дека почнала да посетува психијатар откако станала опседната со мислите дека нејзиниот сопруг ќе ја остави.

– Имаше богат сопруг и се плашеше дека ќе ја остави. Престана да излегува. Се затвори дома и не можеше да ја поднесе ситуацијата – рекол еден семеен пријател.
Истрагата на полицијата сѐ уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top