| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ден за борба против дрогата: Грција е меѓу водечките земји во Европа по смртност од дрога

droga-500

Грција е меѓу водечките земји во Европа по смртност како последица на употреба на дрога, додека грчкиот црн пазар е преплавен со кокаин и други дроги.

Според грчките здравствени власти, се повеќе млади луѓе бараат спас во дрогата и тоа е тажна статистика, која не е проблем на семејството, туку на целата нација.

Според истражување на Центарот за лекување на зависности, последните години грчките наркомани често ја употребуваат убиствената супстанца наречена „кокаин на сиромашните“. Оваа дрога е многу ефтина, а ефектот врз организмот е суров.

Во Грција има многу невладини организации, кои ги засилија своите активности меѓу учениците со различни кампањи, со кои ги предупредуваат за тешките последици од наркоманијата.

 „Убива првата доза“, велат поранешни зависници, кои исто така учествуваат во кампањи против зависност од дрога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top